Линкови за пристапност

Ковачевски за лажните дојави за поставени бомби - „ова е кибернетска војна“


Минува еден од ретките денови без лажни дојави за поставени бомби во основни и средни училишта, државни институции, јавни установи, аеродроми во Северна Македонија.

Прашање кое навидум почна наивно и за кое првично се сметаше дека е можеби изолиран случај на нечија несолена шега, прерасна во проблем кој предизвикува паника, губење настава, отсуство од работа, мобилизација на полициски единици, нарушување на нормалното функционирање на државата.

Што прави Северна Македонија со дојавата за бомби по училиштата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:36 0:00

Надлежните – премиерот, министерот за внатрешни работи и министерот за образование денеска се состанаа за да „ разгледаат дополнителни мерки за справување со овие дојави за бомби.“ Ковачевски тврди – ова е сајбер-војна.

Оваа сајбер-војна и овие хибридни напади се дел од војната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави членки на НАТО.
Ковачевски, премиер

„Ние, како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме. Оваа сајбер-војна и овие хибридни напади се дел од војната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави членки на НАТО. Согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам, бидејќи се работи за дојави за бомби, тие мора да спроведуваат процедури пропишани согласно закон, како и во сите други држави. За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава на бомба, а децата да можат да посетуваат настава.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Од денеска на сила е ново упатство за постапување во ситуација на тероризам што повлекува и нови насоки за делување на полицијата. МВР, како што изјави министерот за внатрешни работи, веќе патролно ги обезбедува сите училишта 24 часа.

„Интензивно работиме со Министерството за образование и наука и веќе се направени одредени усогласувања. Ќе почне и комуникацијата меѓу нашите Сектори за внатрешни работи и образовните институции, заради тоа што сите треба заеднички да постапуваме за да дојдеме до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Владата веќе формираше тим во кој се вклучени МВР, АНБ, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации, кој треба да ги пронајде одговорните за дојавите. Опозицијата бара резултати – го повика шефот на државата да го свика Советот за безбедност.

„Претседателот молчи, кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на, еве според нив, хибриден напад да го свика Советот за безбедност, тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема.
Мицковски, ВМРО-ДПМНЕ

„Претседателот молчи, кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на, еве според нив, хибриден напад да го свика советот за безбедност тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема, ќе го слушните тука таму со по некоја егзибионистичка изјава, никаде го нема, МВР ако ова е точно аматерски се однесува, односно наместо да спречи и да превенира, тие дополнително ја загрозуваат безбедноста на учениците.“, оцени Христијан Мицковски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за образование, пред неколку дена, им препорача на сите училишта – во услови на дојава за бомба, учениците од дома да продолжат со онлајн настава за дополнително да не се губат часови.

Но, со ваквото решение не се согласуваат сите - Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” испратила барање до надлежните институции, во рок од 15 дена, да се реши безбедносната состојба во училиштата. „Во спротивност, ќе излеземе на протести“, најавуваат од оваа иницијатива.

XS
SM
MD
LG