КАИРО (АП) - Египетските власти за антиквитети открија новооткриена просторија во една од Големите пирамиди во Гиза кај Каиро, Египет.
Откриена е со помош на модерна технологија за скенирање и има должина од 9 метри. Сместена е над главниот влез на пирамидата на Куфу(на грчки Кеопс) или Кеопсовата пирамида, најголемата пирамида на локацијата, и е откриена од проектот Scan Pyramids, меѓународна програма која ги разгледува неистражените делови од античката структура. Не се знае за каква цел служела просторијата.
Пирамидата на Куфу или Кеопсовата пирамида се верува дека била изградена во 26 век п.н.е. Таа е именувана по нејзиниот градител, фараонот Куфу (Кеопс) од четвртата династија кој владеел од 2509 до 2483 година п.н.е. и е една од трите пирамиди што ги сочинуваат во комплексот Гиза. Тоа е единственото од седумте чуда на античкиот свет што преживеало до денес.
Извор: Асошиетед Прес