Линкови за пристапност

Ситуацијата во Бахмут се усложнува, рече Зеленски


Украинскиот претседател вели дека руските сили „постојано уништуваат се` што може да се искористи за заштита на нашите позиции“
Украинскиот претседател вели дека руските сили „постојано уништуваат се` што може да се искористи за заштита на нашите позиции“

Украински воен функционер ја опиша ситуацијата околу градот Бахмут како „екстремно тешка“, истакнувајќи ја областа која е предмет на тешки борби меѓу украинските и руските сили во украинската провинција Доњецк.

„И покрај значајните загуби, непријателот ги испрати своите најдобро обучени јуришни единици Вагнер за да се обидат да ја пробијат одбраната на нашите војници и да го опкружат градот“, рече командантот на копнените сили на Украина Олександр Сирски на социјалните мрежи.

Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата во Бахмут „се повеќе се усложнува“.

Тој рече дека руските сили „постојано уништуваат се` што може да се искористи за заштита на нашите позиции“.

Русија ги интензивира нападите на неколку области во источна Украина, вклучувајќи го и Бахмут. Во разурнатиот град некогаш имало околу 75.000 луѓе.

Ројтерс објави дека руските сили постигнале одреден напредок од север и југ додека се обидуваат да го опколат градот и да ги отсечат украинските сили во него.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG