Линкови за пристапност

Соединетите Држави обезбедија дел од хуманитарната помош за Источна Африка


Првата дама на САД, Џил Бајден, оствари посета од висок профил на мала заедница во Кенија по големата суша што ја зафати Источна Африка и создаде невидена криза со несигурноста на храната во Кенија.

Соединетите Држави обезбедија дел од хуманитарната помош за Источна Африка, откако поради дождовите беше предизвикан невиден глад кој се протега од Сомалија до селото Масаи на само три часа од главниот град на Кенија, Најроби.

Шефот на ОН за Кенија изјави за Гласот на Америка дека 6 милиони луѓе се на работ на екстремен глад оваа година и дека ситуацијата е влошена од кризата со снабдувањето со храна предизвикана од конфликтот во Украина.

Но, најбогатата нација во светот не може сама да оди по овој пат, рече Џил Бајден по нејзината посета на селото Масаи.

Патувањето дојде на крајот од петдневната посета што ја однесе во Кенија и југозападната африканска нација Намибија.

„САД обезбедуваат 70 отсто од буџетот, парите што доаѓаат во овој регион. Но, не можеме да бидеме единствените“, им рече таа на новинарите по нејзината 90-минутна посета. „Треба да имаме и други земји кои ќе ни се придружат во овој глобален напор да им помогнеме на овие луѓе од регионот“.

XS
SM
MD
LG