Линкови за пристапност

Нов земјотрес во Турција, најмалку 100 лица се повредени


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска југоисточна Турција, при што загина едно лице, најмалку 110 се повредени, а голем број веќе оштетени згради се урнале.

Новиот земјотрес се случи три недели откако со јачина од 7,8 степени според Рихтер ги потресе Турција и Сирија и загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Турските власти соопштија дека денеска веднаш биле распоредени спасувачки екипи за да ги извлечат луѓето од урнатините. Таткото и ќерката кои беа заробени под урнатините на четирикатната зграда во која влегоа во градот Јесилјурт за да ги извадат своите работи по претходниот земјотрес беа спасени.

Јешиљурт, во провинцијата Малатија, беше центар на земјотресот во понеделникот.

Јунус Сезер, шеф на турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), рече дека тимови за пребарување и спасување се распоредени во пет згради.

Регионот имаше четири земјотреси во изминатите три недели, како и повеќе од 10.000 последователни потреси.

Некои информации за овој извештај се од Ројтерс и Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG