Линкови за пристапност

Одложено лансирањето на четиричлен екипаж до Меѓународната вселенска станица


НАСА и Спејс Икс денеска го одложија планираното лансирање на четиричлен екипаж до Меѓународната вселенска станица поради проблем со копнените системи.

Одлуката беше донесена помалку од три минути пред леталото да се крене од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.

Резервниот датум за лансирање е поставен за вторник, но НАСА соопшти дека поради очекуваните неповолни временски услови следниот обид за лансирање ќе биде на 2 март.

Четиричлениот екипаж вклучува двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати.

НАСА соопшти дека нивната планирана шестмесечна мисија вклучува низа научни експерименти, вклучувајќи проучување како материјалите согоруваат во микрогравитацијата, собирање примероци од микроби надвор од вселенската станица и „истражување на ткивен чип за функциите на срцето, мозокот и 'рскавицата“.

XS
SM
MD
LG