Линкови за пристапност

Пекарите со ултиматум – ако се замрзне цената нема повеќе да произведуваме леб


Производството ќе запре како и испораката до маркетите ако Владата го оствари најавеното - цена од 33 денари за векна бел или полубел леб, едногласно одлучија преставниците на пекарско мелничката индустрија на денешниот состанок. Велат дека ќе губат и до 15 илјади евра на ден. Владата утре на седница треба да ја донесе одлуката за замрзнување на цената на лебот но и за укинување на субвенционираната струја за прехранбената индустрија



СКОПЈЕ – Ќе можат ли граѓаните од среда да купат леб во маркетите се поставува како прашање откако пекарите доставија ултиматум до Владата како одговор на најавата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Печките ќе се изгасат, испораката ќе запре – ова е ставот на пекарите кои тврдат дека со замрзнувањето на цената ќе губат и до 15 илјади евра дневно. Одлуката била донесена едногласно на денешниот состанок на пекарско мелничката индустрија. Оттаму тврдат, поради субвенционираната струја ги спуштиле цените на лебот и повеќе отколку што било потребно и побарано од нив.

Горан Малишиќ, претседател на мелничко пекарска индустрија
Горан Малишиќ, претседател на мелничко пекарска индустрија

„Таа мерка ќе им донесе на пекарниците штета и ќе ги доведе до нивно идно затворање. Штетата во зависност од големината на индустриските пекарници би изнесувала од 3 до 15 000 евра на ден. Така што денеска се донесе одлука од сите едногласно и заедно со другите комори кои присуствуваа на состанокот дека дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во ‘Службен весник’ од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот. Не бараме време, кажавме јасно и гласно. Кога ќе се донесе одлуката во „Службен весник“ од наредниот ден индустирјата донесе едногласна одлука дека ќе престане со испорака на леб. Ова не е бојкот“, изјави Горан Малишиќ- престедател на мелничко пекарска индустрија

Околу тврдењата на Владата но и на граѓаните дека цените на лебот се намалувале недоволно и бавно, претставниците на пекарско мелничката индустрија со одговор дека тие ги користеле и ги користата залихите направени во време кога цените на пченицата и енергенсите биле неколкукратно повисоки. Квалификацијата „воени профитери“ на министерот за економија, Крешник Бектеши,ја оценија како навредлива.

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССК
Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССК

„Слушнавме навреди на кои ќе одговориме дека ова се советско болшевиштички методи за ограничување на цена. Треба да се разговара ид а се видат параметрите“ изјави Горан Георгиевски,потпрестедател на Сојуз на Стопански Комори (ССК)

Пекарите тврдат дека субвенционираната струја нема голем импакт во конечната цена на производот а прехранбената индустрија, како и повеќе гранки во домашниот бизнис, се соочуваат со недостаток на работна сила и со неповолни услови за кредити.

Министерот за економија Крешник Бектеши викендов најави дека од 1 март ќе ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб и ќе изнесува 33 денари. Одлуката за замрзнување според најавите ќе се донесе на владината седница во вторник за кога ќе треба да се донесе и конечна одлука околу укинувањето на субвенционираната струја за што тој достави предлог одлука која во моментов ја разгледуваат правни експерти а за која е убеден дека ќе помине и како единствена дилема е дали ќе стапи на сила од 1 март или од 1 април.

XS
SM
MD
LG