Дел од жителите на Мичиген четврти ден по ред се соочуваат со прекин на електричната енергија, а според информациите околу 165.000 домови и деловни објекти во пошироката област на Детроит беа погодени од зимската бура која го зафати регионот.
Но, со оглед на тоа што локалните училишта се во средина на зимскиот распуст, од општините велат дека дел од жителите се надвор од градот и се стравува дека ќе бидат затекнати кога ќе се вратат со испукани водоводни цевки и поплавени подруми.
Националната метеоролошка служба соопшти дека предупредувањата за торнадо останале во сила и во делови на Оклахома откако торнадо било забележано во Канзас.
Големи налети на ветар со брзина и до 144 километри на час биле пријавени во југозападна Оклахома што резултирало со соборени дрвја и далноводи, затворени патишта и оштетувања на домовите околу Норман и Шони.
Во меѓувреме, силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја зафати Калифорнија.