Линкови за пристапност

Сојузниците на Украина одбележаа една година од руската инвазија врз неа


Протести во Берлин
Протести во Берлин

Украинските сојузници ширум светот осветлија значајни споменици, организираа молитви за загинатите и подготвија нови санкции во колективната поддршка на првата годишнина од инвазијата на Русија.

Во Германија испрати оружје во Украина, а претседателот Франк-Валтер Штајнмаер рече дека инвазијата е атак врз лекциите од двете Светски војни. „Тоа е напад на сè за што се залагаме“, рече тој на комеморативниот настан, нарекувајќи ја руската инвазија „епохален пробив“ и додаде дека е сигурен дека Германија ќе продолжи да биде најголемиот воен поддржувач на Украина на европскиот континент.

Во Полска, која е лоцирана меѓу Германија и Украина, демонстрантите носеа транспарент на кој пишуваше „Русија е терористичка држава“ и ги вклучија сирените пред станбена зграда за вработените во руската амбасада во Варшава.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки беше во Киев и заедно со премиерот на Украина положи цвеќе на Ѕидот на сеќавањето на загинатите.

САД ја одбележаа годишнината со најава на нови санкции против Русија и нејзините сојузници, нови контроли на извозот и царини кои имаат за цел да ја поткопаат способноста на Москва да води војна.

Велика Британија, исто така, издаде воведе нови санкции за Русија.

XS
SM
MD
LG