Линкови за пристапност

Нема поевтини цени, нема субвенционирана струја


Министерството за економија побара од Владата укинување на мерката за субвенции преку која прехранбениот сектор плаќаше 80 евра за мегават час струја. Компаниите ги изиграа граѓаните, цените се исти, мерката не даде резултат. Премиерот Ковачевски на став дека мерката не треба да се укине но тие компании мора да се тргнат од листата и да плаќаат берзантска цена на струја. Пазараната инспекција го комплетира списокот на компании кои не се придржуваа до договорот со Владата и ќе го достави до Економија. Министерот Бектеши и граѓаните бараат казни за овие компании, премиерот Ковачевски без став. Колку буџетски пари се потрошени за субвенционирање на струјата за компаниите од прехрамбениот сектор податоци нема




СКОПЈЕ – Цените во маркетите никако да паднат и затоа нема потреба за компаниите производители да добиваат повластена цена за струја од 80 евра а остаткот да се доплаќа со пари на граѓаните во Буџетот. Министерот за економија Бектеши меѓу редови најави а денеска и достави до Владата предлог одлука за укинување на мерката за субвенционирана струја за команиите од прехрамбениот сектор бидејќи не ги дала посакуваните резултати а голем дел од компаниите не ги намалиле цените на производите и со тоа ја изиграа и Владата и граѓаните. Пред само два дена министерот Бектеши кажа дека дури 70 отсто од компаниите ја изиграле оваа мерка, бидејќи користеле буџетски пари за поефтина струја а цените на производите им останале исти.

„Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи.Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор“, соопштија од економија.

Компаниите од прехрамбениот сектор кои користеа субвенционирана цена на струја и не ги намалија цените на производите да плаќаат струја по берзантска цена додека компаниите кои се придржуваа до дговорот да продолжат со користење на мерката е ставот на премиерот Димитар Ковачевски.

„Доколку нема објективни причини зошто цените не се намалени и покрај субвенционираната цена на електрична енергија, тогаш нормално дека нема да ја добиваат оваа цена боидејќи таа ја субвенционираат граѓаните“, изјави премиерот Ковачевски.

Ниту Ковачевски ниту Бектеши засега не најавија евентуални казни за компаниите кои ги злоупотребија субвенциите и парите на граѓаните од Буџетот, нештои што граѓаните односно потрошувачите се погласно го бараат.

Според Ковачевски цените на производите се намалени до 12 отсто, но сепак тоа се должи и на намалувањето на стапката на инфлацијата.

„Она што го имаме е дека кај најголемиот или ајде да кажеме кај добар дел од прехранбените производи имаме нанамлување на цените од 7 до 12 отсто а тоа може да го видиме и во маркетите. Кога ќе ја погледнеме и месечната инфлација, веќе два месеци по ред имаме намалување. Тоа се факти кои не може да се негираат“, додаде Ковачевски

Премиерот соопшти дека пазарниот инспекторат врши проверки на фирмите кои користат субвенционирана струја и испитуваат доколку е утврдено дека цената не е намалена дополнително се проверува дали станува збор за изгирување на мерката или пак за скапи суровини.

Од пазарниот инспекторат соопштија потврдија дека регистрирале фирми кои не ги намалиле цените иако ги користеле поволностите и повластената цена за струја. Инаку инспекторатот добил листа од над 250 компании кои се проверуваат а извештајот и списокот на фирмите кои имаат исти цени на производите како во ноември и декември набргу ќе биде комплетиран ќе биде доставен до министерството за економија.

„Да точно е. Државниот пазарен инспекторат доби насока од министерството за економија да оизврши детална анализа и да изготви извешптај , односн сите они компании производители кои корисетеле субвенцјоинирана цена на електрична енергија со цел да се намалат цените. Моментално од досегашното сработно можам да истакнам дека дел од компаниите и производителите ги имаат намалено цените на производите, но дел воопшти ги немаат намалено. Инспекторите сеуште се на терен и очекувам извештајот да биде готов до крајот на идната недела кога и ќе биде доставен до економија“, изјави Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

А колку буџетски пари се поторошени за субвенционирање на струјата за компаниите од прехрамбениот сектор податоци нема ниту минстерот за финансии Бесими, ниту премиерот Ковачевски ниту пак министерот за економија Бектеши. Она што е потврдено е дека во декември и јанаури мерката ја користеле над 240 компании од прехрамбениот сектор.

Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават час за компаниите од прехранбениот сектор важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023 година а се однесуваше на компаниите кои што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

XS
SM
MD
LG