Линкови за пристапност

Зеленски: Тоа што Кина почна да зборува за мир во Украина, е убава вест


Шпанскиот премиер Педро Санчез денес во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Делегациите од двете земји имаа средба на тркалезна маса на која разговараа за различни теми.

За време на брифингот со новинарите, Зеленски ги кажа своите размислувања во врска со кинескиот мировен план за кој се наведува дека најверојатно ќе биде објавен на годишнината од конфликтот.

„Не го видов документот (кинескиот мировен план). Прерано е да се донесе заклучок. Но, мислам дека генерално, тоа што Кина почна да зборува за мир во Украина, мислам дека не е лошо. За нас е важно сите држави да бидат на наша страна, на страната на правдата. Но, фактот што Кина веќе зборува за тоа, ова е некој вид на прв чекор. Ова воопшто не е лошо. Ќе избрзаме со заклучоци доколку не видиме што конкретно нудат“, рече Зеленски.

Во средата шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес објави дека Шпанија ќе и предаде на Украина шест тенкови Леопард 2.

XS
SM
MD
LG