Линкови за пристапност

Жените и децата во фокусот на Џил Бајден во Намибија и Кенија


Првата дама на САД Џил Бајден денес треба да се сретне со претседателката на Намибија Хејџ Геингоб и првата дама Моника Геингос во претседателската резиденција на Намибија, вториот ден од нејзината посета на земјата.

Џил Бајден, исто така, треба да го посети проектот финансиран од САД во главниот град Виндхук, кој се фокусира на зајакнување на жените и децата и обезбедување пристап до економските можности и здравствени ресурси.

Вчера, Џил Бајден рече дека Намибија е избрана поради нејзината живост.

„Сакавме да дојдеме тука затоа што знаете дека ова е млада демократија и сакаме да ги поддржиме демократиите ширум светот“, рече Бајден. „Се запознавме во декември и само ја продолжуваме врската. Моника и јас, мислам дека слободно можам да кажам, веднаш станавме добри пријатели“.

Геингос рече дека има многу во Намибија што би сакала да ѝ покаже на Џил Бајден, која е инаку, прва посета на Намбија од страна на првата дама на САД.

„Тоа е многу енергична демократија. Имаме многу голема млада популација, која ја води таа демократија, многу енергична и целосно овозможена од нашите уставни вредности, но и од личните вредности на нашето раководство“, рече Геингос.

Џил Бајден е првиот претставник на Белата куќа што ја посети земјата откако претседателот Џо Бајден минатата година вети дека ќе испрати административни службеници на континентот.

Посетата на Џил Бајден е фокусирана околу кризата со безбедноста на храната во Источна Африка. Џил Бајден по Намбија планира да ја посети и Кенија.

Таа заминува во петок за Кенија, каде што ќе ја искористи својата популарност и платформа за да го привлече вниманието на зајакнувањето на жените, проблемите со децата и кризата со гладот што повторно го пустоши Африканскиот континент.

Ваквите посети од висок профил се случуваат по зголемените посети на руски и кинески претставници на највисоко ниво во Африка.

XS
SM
MD
LG