Линкови за пристапност

Нема детали како хакерите ја пробија заштитата на системот на ФЗО


Директорката Грашковска уверува ситемот е функционален, податоците се безбедни. Вториот директор Фатон Ахмети не го прекина годишниот одмор. Истрагата ќе утврди кој е одговорен најави Грашковска. И понатаму нема детали до кои и какви информации имале пристап хакерите но и дали ангажираните експерти го прибија нивниот код или пак е платен откуп за да се врати пристапот со серверите и системот





СКОПЈЕ – И по петнаесет дена од упадот во системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) јавноста ќе остане без детали како се случил хакерскиот напад и дали ИТ експертите кои беа ангажирани успеаа да го прибијат кодот или пак е платен откуп. Еден од директорите на ФЗО, Магдалена Филиповска - Грашковска, денеска одржа брифинг со новинарите и прес конференција но не соопшти речиси никакви нови информации и детали и се повика на истрагата на Обвинителството. Вториот директор Фатон Ахмети одлучи во екот на најголемата криза од постоењето на ФЗО да не го прекине својот одмор во Америка и да не се појави пред домашната јавност.

„Истрагата ќе покаже дали има пропуст кај човек или системот имал слабост“, одговори Грашковска на прашањето кој ќе понесе одговорност.

Дали хакерскиот напад е изведен од внатре или пак од странство,кој го извршил информации нема но Грашковска е децидна миграција на податоци не се вршела и заштитата односно „фајерволот“ не бил исклучен во моментот на нападот на 6 февруари.

„Отворена е истрага, тоа е предмет на истрага. Има прелиминарна анализа направено меѓутоа и ртаа е вклуечна во истрагата“, рече Филиповска - Грашковска.

На прес конференцијата немаше ИТ експерт од Фондот, раководителот на ИТ секторот е на бловување бидејќи му се нарушило здравјето по извршениот напад па нивната улога ја првзеде Грашковска кој уверуваше дека дека непречен пристап до информациите на граѓаните имало во изминатите петнаесетина дена како и во моментов. Податоците на граѓаните се безбедни, не биле манипулирани а целта на нападите биле апликациите кои ги користи системот на ФЗО.

Магдалена Грашковска Филиповска
Магдалена Грашковска Филиповска

„Јас навистина не сум ИТ лице и не знам дали ќе ги искористам соодветните заборови за да не бидат погрешно интерпретирана. Нападот беше насоечлн само на системиоте во кои спаѓаат виртуелни системи но не и на податоците. Податоците од граѓаните се уваат во маскирана форма и не се читливи со голо око без поврзување на апликативниот сервер кој во нашиот случај не беше афектиран во нападот. Се работи за виртуелни сервери на Фондот кои се лоцирани во рамки на интерниот дата центар“, соопшти Филиповска - Грашковска директор ФЗО

Откако системот на ФЗО ќе се врати во полна сила ќе почне преносот на податоци на клауд, нешто што требаше да се направи но беше спреченбо поради нападот. Овој трансфер на податоци е далеку побезбедна опција а покрај тоа ќе се направи уште еден бекап на сите податоци за да се минимизира опасноста при нов евентуален напад.

„Ќе биде превземено се што може да се превземе за да се заштитиме од можни нови напади. Наскоро откако ќе се стабилизира овој систем ние треба да извршиме миграција на „Cloud“ кој ќе обезбеди примарна и секундарна локација односно „disaster recovery location“. Во тек е итна постапка и на офлајн бекап, систем со ленти. По инфцромациите кои ги добив од ИТ експертите инсталирани се потребните „фајерволи“ и антивирусни заштити“, објасни Филиповска – Грашковска

По 14 дена хаос во пружањето на здравстени услуги на граѓаните и осигурениците предизвикан од хакерскиот напад состојбата се нормализира, платите на вработените во здравство се исплатени како и надоместоците за граѓаните а дел по дел се исплаќаат и обврските кон болниците и добавувачите.

XS
SM
MD
LG