Линкови за пристапност

Бајден се среќава со лидерите на источното крило на НАТО


Демократиите во светот станаа посилни, a aвтократиите станаа послаби, рече претседателот на САД за време ан вчерашниот говор во Варшава
Демократиите во светот станаа посилни, a aвтократиите станаа послаби, рече претседателот на САД за време ан вчерашниот говор во Варшава

Американскиот претседател Џо Бајден денес се среќава со лидерите од источното крило на НАТО за да покаже поддршка за нивната безбедност.

Истичното крило ги вклучува Бугарија, Чешката Република, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка, а повеќето се меѓу најсилните поддржувачи на воената помош за Украина.

Бајден вчера го искористи говорот во главниот град на Полска, Варшава, за да ги одбрани едногодишните напори на НАТО да ѝ помогне на Украина да ја одбрани руската инвазија и вети дека нема да престане.

„Пред една година, светот се подготвуваше за падот на Киев“, рече Бајден пред повеќе од десет илјади Полјаци собрани на отворено во комплексот Кралски замок во Полска. „Па, штотуку дојдов од посета на Киев и можам да пријавам дека Киев стои силно“.

Бајден вети дека поддршката за Украина нема да престане, а НАТО нема да биде поделен.

„Украина никогаш нема да биде победа за Русија. Никогаш“, изјави тој, велејќи дека Алијансата е „порешителна од кога било“ во снабдувањето со муниција и хуманитарна помош за Украина која не е членка на НАТО, за да ѝ помогне да се одбрани од Русија.

По завршувањето на неговата посета на украинскиот главен град Киев во понеделникот, Бајден го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата што ја започна пред една година, и рече дека рускиот лидер исто толку лесно може да ја прекине војната.

„Западот не планира да ја нападне Русија како што рече денеска Путин“, изјави Бајден.

„Демократиите во светот станаа посилни во нивното возвраќање против руската агресија. Автократиите во светот станаа послаби“.

XS
SM
MD
LG