Линкови за пристапност

Ќор-сокакот со Турција поради проширувањето на НАТО, е на агендата на Блинкен во Грција


АТИНА (АП) - Американскиот државен секретар Антони Блинкен денес во Атина се сретна со неговиот грчки колега Никос Дендиас, како дел од неговата шестдневна посета на Европа.

Во Министерството за надворешни работи, двајцата имале кратка средба пред да влезат да одржат состанок.

Блинкен, кој доцна во понеделникот пристигна од Турција, имаше кратка средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Зголемените тензии на САД со Кина, стравувањата од нова руска офанзива против Украина и ќор-сокакот со Турција поради проширувањето на НАТО се на агендата на Блинкен.

Во понеделникот, додека беше во Турција, тој повика Шведска и Финска да бидат прифатени во НАТО „што е можно побрзо“, иако неговиот турски колега ја отфрли можноста за каква било поврзаност помеѓу нивното пристапување и барањето на Турција за борбени авиони Ф-16.

Тој го започна своето шестдневно патување на Минхенската безбедносна конференција во Германија минатиот четврток.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG