Линкови за пристапност

Бајден ја посети Украина пред годишнината од војната


КИЕВ, Украина (АП) - Претседателот Џо Бајден денес престојуваше во ненајавена посета на Украина и се сретна со претседателот Володимир Зеленски, во знак на солидарноста со земјата која сè уште води, како што рече, „брутална и неправедна војна“ со Русија.

„Една година подоцна, Киев исправено стои“, изјави Бајден по средбата со Зеленски во палатата Марински. „Украина исправено стои. Демократијата исправено стои. Американците исправено стојат со вас, и светот исто така“, додаде тој.

Бајден помина повеќе од пет часа во главниот град на Украина, консултирајќи се со Зеленски за следните чекори, но се сретна исто така и со персоналот на американската амбасада во земјата.

Посетата доаѓа во клучен момент: Бајден се обидува да ги задржи сојузниците обединети во нивната поддршка за Украина бидејќи се очекува војната да се интензивира со пролетните офанзиви. Зеленски ги притиска сојузниците да ја забрзаат испораката на ветените системи за оружје и го повикува Западот да обезбеди борбени авиони - нешто што Бајден одби да го направи.

Американскиот претседател го почувствува теророт со кој Украинците живеат речиси една година кога сирените за воздушни напади се огласија токму додека тој и Зеленски ја завршуваа посетата на катедралата Свети Михаил.

За посетата на Бајден била информирана и Москва за да не дојде до несакани последици. Белата куќа не навлегува во детали, но од таму велат дека „имала комуникација со Русија за да се обезбеди деконфликт“ непосредно пред посетата на Бајден во Украина и обид да се избегне каква било погрешна пресметка што би можела да ги доведе двете нации со нуклеарно оружје во директен конфликт.

Во Киев, Бајден најави дополнителна американска помош од половина милијарда долари - покрај веќе обезбедените повеќе од 50 милијарди долари - вклучувајќи гранати за хаубици, противтенковски ракети, радари за воздушно набљудување и друга помош, но без ново напредно вооружување.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG