Линкови за пристапност

Во американска акција убиен висок лидер на Исламска држава


САД и нејзините партнери нанесоа уште еден удар против терористичката група Исламска држава во североисточна Сирија, убивајќи уште еден висок лидер. Пред акцијата имаше и ранети американските трупи.

Централната команда на САД, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток и Јужна Азија, рече дека четворица војници, заедно со армиско куче, биле повредени од експлозивна направа, најверојатно рачна граната, за време на нападот со хеликоптер во четвртокот, во околината на Деир Ел-Зор.

Повредените војници и кучето се пренесени во медицински установи во Ирак, и се во стабилна состојба.

Централната команда соопшти дека целта на рацијата, извршена со помош на Сириските демократски сили поддржани од САД, бил висок лидер на ИД по име Хамза ал Хомси, кој бил убиен.

Во изјава за Гласот на Америка, полковникот Џо Бучино, рече дека Ал Хомси „ја надгледувал смртоносната терористичка мрежа на групата во источна Сирија“.

Ниту еден друг борец на ИД не бил убиен или заробен, а првичните проценки покажуваат дека нема повредени цивили како резултат на рацијата.

XS
SM
MD
LG