Линкови за пристапност

Зеленски им порача на светските лидери во Минхен: „Голиат мора да изгуби!“

Правејќи споредба меѓу војната со Русија и библиската приказна за Давид и Голијат, украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги повика западните лидери во Минхен да не го одложуваат испраќањето воена помош, велејќи: „Голиат мора да изгуби“.

Зеленски преку видео порака им се обрати на владините лидери и воените функционери собрани на Минхенската безбедносна конференција, годишен форум за меѓународната безбедносна заедница на кој се разговара за конфликтите во светот.

Зеленски рече дека е уверен - со помош на своите сојузници, Украина може да извојува победа над „не само Путин, туку и на сличните на Путин ширум светот“.

Непосредно пред почетокот на конференцијата, германскиот министер за одбрана Борис Писториус им рече на новинарите дека заканата од војната во Украина - и руската амбиција - „ги надминува Украина и другите региони во источна Европа, до Блискиот Исток, Африка и Индо Пацификот“.

Зголемените тензии меѓу Соединетите Држави и Кина, исто така, се очекува да бидат високо на агендата на конференцијата, откако американската војска собори наводен кинески балон за надзор над територијата на САД.

This item is part of
XS
SM
MD
LG