Линкови за пристапност

14 годишен тинејџер извлечен жив од урнатините во Турција


Турските спасувачи извлекоа жив тинејџер од урнатините на една зграда 260 часа по земјотресот која ги погоди Турција и Сирија со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, објави денес турската државна новинска агенција Анадол.

14 годишниот Осман Халебије бил пренесен во болница во Антакија.

Подоцна, двајца мажи, Мехмет Али Сакироглу (26) и Мустафа Авџи (33) беа спасени од урнатините на истата зграда, објави новинската агенција ДХА.

Откако бил спасен, Авџи го видел своето новороденче на телефонски повик со родителите, јави Ројтерс.

Спасувачките напори во Турција дојдоа во време на критики за неприменетите градежни правила. Илјадници згради се урнаа во земјотресот на 6 февруари, оставајќи огромни количества урнатини.

Повеќе од 41.000 луѓе во Турција и Сирија загинаа во земјотресот, а стотици илјади се раселени од своите домови.

XS
SM
MD
LG