Линкови за пристапност

Зеленски ќе се обрати на конференцијата за безбедност во Минхен


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција преку видео врска.

Минатата година, присутните на конференцијата побараа од рускиот претседател Владимир Путин да не ја нападне Украина.

Оваа година конференцијата се отвора само неколку дена пред годишнината од инвазијата на 24 февруари во Украина.

Зеленски во своето обраќање вчера, рече дека од руско заробеништво биле ослободени 101 лице.

„Одржувањето на ситуацијата на фронтот под контрола и подготовката за какви било чекори за ескалација на непријателот е приоритет“, рече тој.

„Продолжувањето напред со понатамошното ослободување на нашата земја е приоритет што внимателно го подготвуваме“, додаде тој.

Британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување за Украина соопшти дека руското Министерство за одбрана и неговиот приватен изведувач „веројатно претрпеле“ 175.000 до 200.000 жртви од почетокот на инвазијата, со приближно 40.000 до 60.000 убиени, што претставува „висок сооднос на убиен персонал“.

Дополнително, ажурирањето вели дека регрутите на осудените од Вагнер групата „веројатно доживеале стапка на жртви до 50 отсто.

XS
SM
MD
LG