Линкови за пристапност

Уапсени четворица во Флорида во врска со атентатот на претседателот на Хаити


Атентатот, кој го извршија колумбиски платеници, наводно регрутирани од група од Хаити и Американци со државјанство од Хаити, го втурна Хаити во длабоки политички превирања.
Атентатот, кој го извршија колумбиски платеници, наводно регрутирани од група од Хаити и Американци со државјанство од Хаити, го втурна Хаити во длабоки политички превирања.

Американските федерални агенти уапсија четворица мажи од Флорида во врска со атентатот на претседателот на Хаити, Џовенел Мојс во јули 2021 година, со што бројот на обвинетите во САД коишто се соочуваат со обвиненија за заговорот, се зголеми на 11.

По апсењата во раните утрински часови, Судот во Флорида го објави обвинението со кое сите 11 се товарат за различни злосторства поврзани со убиство на Мојс во неговата резиденција во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, на 7 јули 2021 година. Атентатот, кој го извршија колумбиски платеници, наводно регрутирани од група од Хаити и Американци со државјанство од Хаити, го втурна Хаити во длабоки политички превирања.

Властите на Хаити извршија десетици апсења во случајот, но нивното гонење, наводно, заглави на Хаити поради смртните закани до локалните судии. Американските власти, загрижени дека заговорот за атентат бил смислен на американска територија, зазедоа поагресивен став за да ги уапсат сторителите.

Минатиот месец, властите на Хаити префрлија четворица клучни осомничени во САД. Меѓу нив: двоен државјанин на Хаити и САД, кој се стремел да го замени Мојс.

XS
SM
MD
LG