Линкови за пристапност

Премиерката на Шкотска поднесе оставка


Шкотската премиерка Никола Старџен објави дека ќе поднесе оставка по осум години на функцијата.

Старџен на прес-конференција рече дека нејзината одлука не е поврзана со прашања како што се нејзината поддршка за правата на трансродовите или поддршката за независноста на Шкотска од Обединетото Кралство.

Таа рече дека работата бара „да дадеш апсолутно сè од себе“ и дека човек не може да работи многу долго на одговорна функција.

Старџен рече дека ќе остане на функцијата додека не се најде наследник.

Шкотска е дел од Обединетото Кралство, но, како Велс и Северна Ирска, има своја полуавтономна влада.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG