Линкови за пристапност

Браќата Шутароски од Охрид ја продолжуваат традицијата на празникот Свети Трифун


Закројувајќи ги лозовите насади, со света вода, црвено вино и со желба за повеќе род и бериќетна година, браќата Никола и Ванчо од Охрид ја продолжуваат долгогодишната традиција, која ја наследиле од нивниот татко. Со нивните пријатели го одбележаа празникот Свети Трифун, светец, за кој се смета дека е заштитник на лозјата и овошките.

„Виновиот насад припаѓаше на нашиот татко 45 години. Се обидуваме да ја продолжиме традицијата. Ова ни е официјално втора година, каде го одбележуваме Свети Трифун. Имаме околу 2500 м2 лозови насади. Производството само од нашето лозје е околу 2,5 тона годишно“, вели Никола Шутароски, сопственик на семејната винарија „Стојан и синови“.

„Овој ден има посебно значење за лозарите и за овоштарите, кои навистина се трудат со својот труд и својата мака, оние плодови и родови, што бог ни ги дава со својата работа да ги обработиме“, вели отецот Димче.

Во виното е вистината
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Бројот на лозови насади во Охридскиот регион е се помал, па со ова сакаат да ги мотивираат младите да се занимаваат со одгледување на лозови насади.

„,Многу се откажуваат младите. Се трудиме со мојот брат Ванчо да ја продолжиме традиција на одгледување на винова лоза и правење на охридско куве. За да не изгубиме дел од традициите, бидејќи тие се спомени поминати во лозје и нашето детство. И се надеваме дека ќе мотивираме и други млади луѓе да ја сфатат љубовта кон виното, лозјето, природата“, вели Шутароски.

Минатата година отвориле и семејна винарија, каде се произведуваат автохтони вина од овој крај. Годинава произвеле 4000 шишиња вино.

„Традицијата на производство на вина кај нас е долги години. Со брат ми успеавме да ја модернизираме малку. Користиме садови од инокс, користиме и преси. Не користиме хемикалии. Природноста на виното ни е од есенцијално значење и начинот на производство се разликува од порано, бидејќи порано имавме постари боци, кои се користеа долги години“, вели Ванчо Шутароски, сопственик на семејната винарија „Стојан и синови“.

Се верува дека во виното е вистината, но виното се поврзува и со љубовта. На 14-ти февруари, многумина го празнуваат празникот Свети Валентин, односно Денот на вљубените. Иако во Македонија, помладата популација посветува повеќе внимание на овој празник, отец Димче има свое објаснување за ова.

„Тоа е некој додаток, кој доаѓа, но кој не е својствен за нас. Мислам љубовта треба секој ден не само да ја славиме, туку треба и да ја живееме, да ја практикуваме, постојано, секој миг и секоја секунда, во нашиот живот треба да е исполнета со љубов. Секоја постапка, секое дело треба да биде од љубов и за љубов. На тој начин нема потреба ние секој ден да издвојуваме посебен ден за љубов“, вели отецот Димче.

XS
SM
MD
LG