Линкови за пристапност

Блинкен разговарал со босанскиот министер за надворешни работи колку влезот во ЕУ е важен за безбедноста на Западен Балкан


Тие разговарале и за билатералната соработка и потребата од ефикасно, транспарентно и одговорно владеење, соопшти портпаролот на Стејт департмент Нед Прајс
Тие разговарале и за билатералната соработка и потребата од ефикасно, транспарентно и одговорно владеење, соопшти портпаролот на Стејт департмент Нед Прајс

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен разговарал со новиот министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ за важноста на евроатлантските интеграции за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, изјави портпаролот ан Стејт департмент Нед Прајс.

„Секретарот Блинкен и министерот за надворешни работи Конаковиќ разговараа за важноста на евроатлантските интеграции за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, како да се зајакне билатералната соработка и потребата да се издигне над партиската политика за да се врати ефикасното, транспарентно и одговорно владеење“, се вели во изјавата на Прајс.

Тој, рече дека Блинкен ја истакнал и важноста за поддршката на Украина и помошта за Турција и народот на Сирија по разорните земјотреси.

XS
SM
MD
LG