Министерствата за правда и за здравство се ресорите кои ќе ги води Алијанса за Албанците, а во зависност од одговорот на Алтернатива, ќе го добие и министерството за информатичко општество и администрација или вицепремиерското место за економија на Фатмир Битиќи
СКОПЈЕ - Алијанса за Албанците и официјално потврди дека станува дел од владеачкото мнозинство. По „онлајн“ гласањето на членството, претседателот на партијата, Арбен Таравари, пред Централното претседателство го презенираше пакетот на функционерски места кои би ги добила партијата - две или три министерства, две заменички места во министерства и голем број на директорски места. Исто како и анкетата и Централното претседателство даде „зелено светло“ за влез во Владата.
Министерствата за правда и за здравство се ресорите кои ќе ги води Алијанса за Албанците а во зависност од одговорот на партијата Алтернатива ќе го води министерството за информатичко општество и администрација или вицепремиерското место за економија на Фатмир Битиќи.
„Истовремено денеска орагнизиравме референдум во партијата за да чуеме гласот на членството. Добивме фидбек од повеќето членови дека е добро да бидеме дел од Владата. Исто така поддршка даода и повеќето членови на Централното претседателство со пакетот кој го презентиравм како услов Алијанса да биде дел од Владата. Зменик министри во одбрана и земјоледство и три министерства - правда и здравство се сигурни а третото министерство ќе биде МИОА или заменик премиер за економски прашања“, потврди Таравари.
Вечерва треба да се прецизираат и кадровските решенија за функциите кои ќе бидат соопштени на утрешната средба со премиерот Ковачевски на која треба да биде и потпишан договорот за влез во Владата и проширување на владеачкото мнозинство.
„ Најверојатно утре ќе имаме состанок со Ковачевски на која ќе ги потпишеме програмите и ќе се дадат имињата за можни идни министри и заменици министри“, рече Таравари.
За кадри од партијата на Таравари директорски места во МЕПСО, ПИОМ, Просветниот инспекторат и Клиничкиот ценатр во Тетово.
СДСМ ќе го земе ресорот екологија кој во моментов го води кадарот на ДУИ, Насер Нуредини, во замена за министратсвото за првда но и за да се запази етничкиот сооднос во Владата.
Сега сите погледи се вперени во Алтернатива и лидерот Африм Гаши. Од партијата најавија дека ќе чекаат да видат што ќе биде одлуката на Алијанса и СДСМ и потоа ќе соопштат кои се нивните идни чекори. Алтернатива вчера соопшти дека понуденото од премиерот Ковачевски е далеку од она што тие го бараат и постои можност тие да ја напуштат Владата.
Од СДСМ каде денеска се одржа седница на Изврниот и Централнито одбор ја поздравија одлуката за влез на Алијанса за Албанците во Владата.
„ Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор: имаме поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ. Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата. Со принципите на платформата за соработка со Алијанса на Албанците, кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите“, соопшти поратпаролот на партијата Богданка Кузеска.
Од ДУИ засега без официјален коментар или став освен изјавата на потпретседателот а партијата и актуелен пратеник Изет Меџити, кој воедно е и дел од т.н. „огнена група“, кој најави дека нема да го поддржи влезот на Алијанса и ќе гласа против.