Линкови за пристапност

Индиската влада бара граѓаните да гушкаат крави за Денот на вљубените


Целта е да се промовираат хинду вредностите
Целта е да се промовираат хинду вредностите

Индискиот владин оддел за заштита на животните апелираше до граѓаните да го одбележат Свети Валентин, Денот на вљубените, не како прослава на романтиката, туку како ден за гушкање крави за подобро промовирање на хинду вредностите.

Одборот за благосостојба на животните на Индија вчера рече дека „гушкањето крави ќе донесе емоционално богатство и ќе ја зголеми индивидуалната и колективната среќа“.

Побожните Хиндуси, кои ги слават кравите како свети животни, велат дека западниот празник е спротивен на традиционалните индиски вредности.

Во последниве години, се спроведуваа рации во продавниците во индиските градови, се палеа картички и подароци и бркаа двојки кои се држат за рака надвор од рестораните и парковите, велејќи дека Денот на вљубените промовира промискуитет.

Тврдокорните политички групи велат дека таквите акции го отвораат патот за повторно потврдување на хиндуистичкиот идентитет.

Младите образовани Индијци, без разлика на нивната религија, обично го поминуваат празникот преполнувајќи ги парковите и рестораните, разменуваат подароци и одржуваат забави за да го прослават како и секој друг индиски фестивал, особено откако Индија го започна процесот на економска либерализација во раните 1990-тите.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG