Вака изгледа пунктот на скопскиот плоштад каде граѓаните може да остават помош за настраданите и погодените во катастрофалниот земјотерс во Турција и Сирија.
Одѕивот е огромен, граѓаните во рамките на своите можности оставаат храна, облека и обувки, средства за хигиена, постелнина и се што може да им биде од корист на граѓаните во погодените подрачја.
Пунктот беше отворен вчера а ќе биде во фунцкција се додека е потребно.
Сите хумани граѓани можат да донираат и 100 денари со повик на телефонскиот број за донации ко ј го отвори Црвениот крст – 143-400 за сите оператори.