Линкови за пристапност

Зајакнување на односите меѓу Скопје и Вашингтон


Регионални иницијативи, безбедност и одбрана, интензивирање на релациите, енергетика и животна средина, билатерална соработка и добро владеење – тоа се шесте теми кои се опфатени со владиниот акциски план за спроведување на Стратешкиот дијалог меѓу земјава и САД кој денеска го презентираа премиерот и шефот на дипломатијата. Според Ковачевски станува збор за натамошно зајакнување на односите меѓу Скопје и Вашингтон при што останува поддршката за членство на земјава во ЕУ.

„Зајакнувањето на билатералните односи со САД значи модерни закони, безусловна борба со корупцијата и криминалот, праведно судство, но и економска безбедност на нашата држава“, изјави премиерот Ковачевски.

Министерот Османи беше попрецизен што ќе биде приоритет во акцискиот план, а потоа и самиот премиер најави нови мерки за справување со тоа што американската администрација го смета за прва точка на листата задачи.

„Првата област на интензивирана соработка и приоритетна активност е борбата против крупцијата и владеењето на правото. Утврдивме посебно поглавје за имплементација на антикорупциска активност – како поддршка на судски реформи, се со цел на зголемување на кредибилитетот на судството“, рече Бујар Османи.

Зајакнувањето на билатералните односи со САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

„Обезедување на поголем број кадри за овие институции. Веќе работи Академијата за судии и обвинители, се разговара на ниво на влада дека треба да се утврди концпет на ветинг во сите овие институции“, рече Ковачевски.

Во другите сфери се предвидува интензивирање на соработката во одбраната, натамошни заеднички воени вежби со САД, модернизација на армијата, зајакнување на економските односи... Се планира отворање директна авионска линија Њујорк-Скопје и исполнување на критериумите за влез во Visa Waiver програмата на САД, што понатаму треба да резултира и со воведување безвизен режим за македонските граѓани. Владиниот врв уверува дека презентацијата на акцискиот план токму во период на заладување на односите со Бугарија што пак има ефект врз евроинтеграцискиот процес, не значи дека стратешкиот дијалог со САД е алтернатива за членство во Унијата.

„Не предвидувам никакво вето, патот на С Македонија е влезен во еден неповратен пат кон ЕУ. Патот нема да биде лесен, ќе има предизвици, многу вакви ескалација, тоа се само амплитуди, патот нема да се смени. Стратешкиот дијалог е комплементарен со нашите заложби за влез во Унијата“, рече Османи.

Минатата година во јуни во Вашингтон беше отворен стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија чија цел е да ги продлабочи односите, соработката и координацијата меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG