Линкови за пристапност

Бајден денес ќе го одржи второто обраќање пред нацијата


БЕЛА КУЌА - Претседателот Џо Бајден денес ќе го одржи второто обраќање пред нацијата проследен со разочарувачки извештај: новата анкета на Вашингтон пост и Еј-Би-Си Њуз открива дека 62 отсто од Американците мислат дека тој постигнал „не многу“ или „малку до ништо“ во неговиот двегодишен мандат.

Вечерва е неговата шанса да се појави пред заедничката седница на Конгресот и да се обиде да ги убеди луѓето во спротивното. Од понеделник попладне, претседателот сè уште го пишуваше и го ревидираше својот говор со блиски советници, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Бајден „ќе има можност директно да разговара со американскиот народ, не само со Конгресот, да зборува за тоа што направил во последните две години и како ја гледа иднината на оваа земја“, рече таа.

Политикологот Ендрју Селигсон, кој ја води непартиската истражувачка организација „Јавна агенда“, рече дека Бајден треба да ги покрие таканаречените прашања околу економијата но и надворешната политика, јавното здравство, полициските реформи, контролата на оружјето и имиграцијата.

„Предизвикот на Бајден ќе биде да се претстави самиот себеси како лидер кој разбира и е подготвен да одговори на секојдневните економски предизвици со кои се соочуваат Американците овде дома“, рече Селигсон за Гласот на Америка.

Дури и со промените во последен момент, Белата куќа рече дека Бајден дефинитивно ќе посвети време на она што Американците постојано велат дека е нивна главна грижа: нивните паричници. Во таа неодамнешна анкета, 41 отсто од Американците изјавија дека се во полоша финансиска состојба отколку кога тој стана претседател; 42 отсто изјавиле дека финансиски се во иста форма како кога тој ја презеде функцијата.

„По две години, јасно е - појасно од кога било дека мојот економски план всушност функционира“, рече Бајден во јануари, наведувајќи го растот на работните места, падот на цените и поттикот на инвестициите и производството.

Исто така, се очекува Бајден да го претстави својот аргумент за подигнување на плафонот на долгот, што е максималниот износ што американскиот Оддел за финансии може да го позајми. Соединетите Американски Држави ја достигнаа границата на долгот од 31,4 трилиони долари во јануари.

„Бев многу јасен“, рече Мекарти минатата недела, откако помина еден час разговарајќи за ова прашање приватно со Бајден во Белата куќа. „Нема да потрошиме повеќе пари следната година отколку што потрошивме оваа година.

XS
SM
MD
LG