Линкови за пристапност

Спасувачите и помошта тргнаа кон Турција


Црвен крст отвори телефонска линија со бројот 143-400 за сите оператори накои граѓаните ќе може да донираат парична помош а има и жиро сметки за фирмите
Црвен крст отвори телефонска линија со бројот 143-400 за сите оператори накои граѓаните ќе може да донираат парична помош а има и жиро сметки за фирмите

СКОПЈЕ – Со возила, комбиња и авион денеска кон Турција се упатија речиси стотина спасувачи, пожарникари и армиски специјалци кои ќе се приклучат на турските и меѓународните тимови во спасување на луѓето кои се наоѓаат под урнатините на илјадници згради и во расчистување на теренот.

Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) утрово со 11 возила и опрема тргна кон градот Едрене во Турција кде што тамошните власти ќе им дадат инструкции каде треба да се упатат и да се вклучат во спасувачките активности.

„Комплетно сме опремени за спасување од височини или од јами, пробивање на ѕидови ако има потреба кај разурнатите објекти, но и пружање на прва помош, стабилизација на животи и предавање на амбулантно возило“, изјави Ивица Наумовски, ДЗС.

Тимот на АРМ составен од припадници на Батаљонот за специјални намени како и две обучени кучиња за откривање на затрупани луѓе околу пладне со авион заминаа за Истанбул од каде ќе бидат прераспоредени согласно потребите.

„ Одлучни и спремни што поскоро да се вклучат и да помогнат во спасувањето на драгоцени животи во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Туркије. Тимот за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња заминаа за Туркије“, соопштија од АРМ.

Деветчлена екипа од Тетово и осуммина пожарникари од Струмица со возила полни со опрема за спасување веќе се на пат кон Турција.

„Девет наши припадници од Територијалната противпожарна единица - Тетово одамна се обучени за земјотреси и други кризни состојби. Имаме специјализирана опрема за таа намена и ја носиме со себе, ќе одиме таму да помогнеме на луѓе и да им излеземе во пресрет за сѐ што им е потребно“, изјави Авни Амети, командир на тетовските пожарникари.

До крајот на денот и тим од осуммина пожарникари од Гостивар ќе заминат за Турција.

Во меѓувреме општините Битола и Охрид ги ставија на располагање своите пожарникари кои доколку се јави потреба веднаш ќе заминат за Турција.

Црвен крст отвори телефонска линија со бројот 143-400 за сите оператори накои граѓаните ќе може да донираат парична помош а има и житор сметки за фирмите.

Скопските општини најавија дека на вонредни седници ќе носат одлуки за финансика помош за Турција, покрај владата која веќе одобри шест милиони денари. Согласно одлуката на Владата, ќе се испратат и десетици илјади ќебиња, шатори, носилки, санитетски материјал.

XS
SM
MD
LG