Линкови за пристапност

Иран го обвини Израел за напад со беспилотно летало


Иран соопшти дека во нападот биле вклучени три беспилотни летала кои биле насочени кон воен објект и дека два од нив биле соборени.
Иран соопшти дека во нападот биле вклучени три беспилотни летала кои биле насочени кон воен објект и дека два од нив биле соборени.

Иран во четвртокот го обвини Израел за напад со беспилотно летало што се случи во саботата во централниот ирански град Исфахан.

Во писмото објавено на веб-страницата на мисијата на Иран во Обединетите нации се вели дека прелиминарните индикации се дека Израел „е одговорен за овој обид за агресија“.

Во писмото нема конкретни докази.

Иран соопшти дека во нападот биле вклучени три беспилотни летала кои биле насочени кон воен објект и дека два од нив биле соборени. Иранското министерство за одбрана соопшти дека нападот предизвикал мала штета на зградата.

Израел изврши голем број напади насочени кон локации поврзани со иранската нуклеарна програма.

Некои информации се од Асошиетед прес и Франс прес.

XS
SM
MD
LG