Линкови за пристапност

Целта на новата коалиција е да намести тендери за да го пљачка народот, вели Мицкоски


Лидерот на опозицијата не очекува дека нешто драстично ќе се промени со приклучувањето на Алијанса во владата на премиерот Ковачевски
Лидерот на опозицијата не очекува дека нешто драстично ќе се промени со приклучувањето на Алијанса во владата на премиерот Ковачевски

Естраден потег - тоа е коментарот на ВМРО-ДПМНЕ за безмалку извесната одлука на Алијанса за Албанците да стане дел од парламентарното мнозинство и да влезе во владата на СДСМ, ДУИ, Алтернатива...

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не очекува дека нешто драстично ќе се промени со приклучувањето на Алијанса во владата на премиерот Ковачевски.

„Јас оваа нова коалиција повеќе ја поистоветувам со естрада политичка, во која овие политичари коишто влегуваат во оваа естрадна владина коалиција, имаат само исклучително една цел, а тоа е да задоволат неколкумина околу себе, да наместат уште неколку тендери за да можат да го пљачкаат народот. Таму нема капацитет за реформа затоа што јас такво нешто не видов во овие 5 и пол години откако СДСМ е влада, а камоли, пак да очекувам нешто во овие 10, 11 месеци, еве и да нема предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Иако тој како да најавува дека не очекува притисокот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори да даде резултат, сепак целосно не се откажува од иницијативата, аргументирајќи дека избори годинава се „нужност за народот да избере политичари кои земјата ќе ја придвижат. Додека се чека финализирањето на влезот на Алијанса, веќе се зборува за нова прераспределба на министерските позиции и можноста ресорот правда да оди кај „Алијанса“.

Брзата смена на министри не е најдобро решние, вели Тупанчевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

„Најголем дел од медиумите лиферуваа дека Министерството за правда ќе биде едно од министерствата кои ќе бидат, фигуративно кажано, ставени на `Пазар 3`, берза во однос на некави рокади, замени во министерските места. Јас, а и министертствата не сме оптоварени од ваквиот развој, кажав дека до последниот ден ќе го дадеме максимумот. Брзата смена на министри не е најдобро решние, но се` не зависи од Министерството за правда“, рече министерот за правда Никола Тупанчевски.

СДСМ и ДУИ се за зголемување на парламентарното мнозинство во пресрет на најавата за уставни измени за вметнување на Бугарите во Преамбулата.

Но, со можноста за влез на „Алијанса“ не е среќна „Алтернатива“ чии претставници порачуваат дека не гледаат потреба од проширување на владејачката коалиција со нова партија.

Актуелната влада има поддршка од 64 пратеници. Со осумте на „Алијанса“ и под услов „Алтернатива“ да не излезе од коалицијата, тогаш се доаѓа до бројка од 72 пратеници.

Но, и во таква ситуација тоа би било 8 пратеници помалку од потребните 80 за иницирање и заокружување на постапката за уставни измени – услов од кој зависи натамошното напредување во процесот на евроинтеграции.

XS
SM
MD
LG