Предупредувањата и советите за услови во зимско време денес стапија на сила во неколку американски држави, а синоптичарите очекуваат замрзнат дожд и лапавица да зафатат многу области.
Во зимското невреме беа регистрирани најмалку два смртни случаи по магливите патишта во Тексас во вторникот.
Поради временските услови, беа откажани стотици летови, додека прекин на електричната енергија пријавија илјадници домови.
Поради зимското невреме кое се движи кон исток, предупредувања за зимски услови беа издадени во Тексас, Оклахома, Арканзас, Тенеси, Мисисипи, Кентаки, Западна Вирџинија, Вирџинија, Мериленд и Њујорк.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.