Линкови за пристапност

Путин ѝ се закани на Британија со ракетен напад, вели Борис Џонсон


Поранешниот британски премиер, во документарец на Би-Би-Си, вели дека разговорот се случил за време на телефонски повик во пресрет на инвазијата на Москва на Украина во февруари минатата година
Поранешниот британски премиер, во документарец на Би-Би-Си, вели дека разговорот се случил за време на телефонски повик во пресрет на инвазијата на Москва на Украина во февруари минатата година

Во новиот документарец на Би-Би-Си, поранешниот британски премиер Борис Џонсон вели дека рускиот претседател Владимир Путин ѝ се заканил на Британија со ракетен напад.

Џонсон вели дека разговорот се случил за време на телефонски повик во пресрет на инвазијата на Москва на Украина во февруари минатата година.

Џонсон се присети на рускиот лидер кој рекол: „Ќе биде потребна само една минута... “.

Џонсон, сепак, рече дека не ја сфатил сериозно заканата. „Тој само си играше со моите обиди да го натерам да преговара“, рече Џонсон за Путин.

„Тоа е лага“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ за интерпретацијата на Џонсон на телефонскиот разговор. „Немаше закани со проектили“.

Џонсон, исто така, изјави за Би-Би-Си дека се обидел да го одврати Путин од војна, велејќи му дека Украина нема да се приклучи на НАТО во „догледна иднина“. Џонсон, исто така, рече дека му рекол на рускиот лидер дека инвазијата на Украина ќе доведе до санкции од Западот.

Џонсон, кој поднесе оставка минатата година по серијата скандали, се обиде да го позиционира Лондон како главен сојузник на Украина на Запад.

Додека беше на функција тој неколку пати го посети Киев и често му се јавуваше на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

XS
SM
MD
LG