Американскиот претседател Џо Бајден ги поздрави најновите податоци кои покажуваат континуиран економски раст во САД и покрај загриженоста за можна рецесија на земјата.
Говорејќи во Спрингфилд, Вирџинија, претседателот Бајден се осврна на мерките од неговата администрација за инвестирање во инфраструктура, како придонес кон создавање отпорна економија.
Тој ги обвини републиканците во Конгресот дека сакаат да усвојат закон што ќе ѝ наштети на економијата.
„Треба да ги заштитиме досегашните придобивки што ги креираа нашите политики - да ги заштитиме од републиканците на МАГА во Претставничкиот дом, кои се закануваат да го уништат овој напредок во економијата“, изјави Бајден.
Некои републиканци бараат намалување, на она што го сметаат, за прекумерно и неодговорно трошење на Владата во замена за нивните гласови во Конгресот, кога на дневен ред ќе се најде гласањето за зголемување на ограничувањето на задолженоста на САД на федералниот долг.