Линкови за пристапност

Бугарската политика кон Северна Македонија ќе оди до уште поголем апсурд, вели Јорданова


Малинка Ристевска Јорданова: Бугарската политика кон земјава ќе оди до уште поголем апсурд
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

Малинка Ристевска Јорданова: Бугарската политика кон земјава ќе оди до уште поголем апсурд

Поранешната директорка на Институтот за европска политика Малинка Ристевска Јорданова за Глас на Америка вели дека бугарското вето си стои и бугарското вето е таму.

Глас на Америка: Како гледате на последните случувања на релација Софија-Скопје и до каде ќе одат ваквите политики на Бугарија кон Северна Македонија?

Малинка Ристевска Јорданова: Ова е резултат на една континуирана, ирационална бугарска политика, која се заснова на стратегија и за жал оваа ирационална политика има поддршка од сите релевантни политички фактори во Бугарија. До каде може да оди, ќе оди до уште поголем апсурд, се додека од наша страна тоа се дозволува и се додека отпорот кај европските институции, државите членки, останува мал, кон ваквите однесувања. Искрено за мене беа очекувани. Уште во анализите, пред скоро три години, за бугарските барања, проценивме во Институтот за европска политика, дека оваа политика, овие барања, ќе имаат долгорочни последици за Македонија и дека ќе произведуваат постојани поделби и тензии и дека ќе ги стават овие прашања, билатералните односи на врвот на политичката агенда и за жал тоа и се случи.

Глас на Америка: Како гледате на односот на македонските власти кон ова што се случува со Бугарија?

Малинка Ристевска Јорданова: За жал она што од наша страна се уште го имаме, имаме една политика, која не е единствена дури ни во самата Влада. Имаме различни ставови, различни нијанси на однесување, различни позиции во однос на тоа како да се постапи, и тоа главно секако одговор, како дефанзива на нападите од бугарска страна и тоа е можеби клучниот наш проблем, дури и во оваа ситуација, кога имаме одреден предлог од страна на претседателот. Она што ни треба, ни треба единствена ладнокрвна акција на органите, особено оние кои се надлежни за надворешна политика, владата, претседателот. И тие мора да дејствуваат како едно. Но она што сега го слушаме е дека предлогот на претседателот ќе се анализира, и сето тоа создава една несигурност која е непотребна во оваа ситуација и предизвикува само натамошни поделби, несигурност, овде кај нас во Македонија“.

Глас на Америка: Ќе продолжи ли Бугарија со своето вето кон земјата?

Малинка Ристевска Јорданова: Бугарското вето си стои и бугарското вето е таму. Ние не сме ги почнале преговорите и не знам колку пати треба да ни повторат Бугарите, се додека не го смениме Уставот. А нај ирационалното во оваа ситуација е што понатаму нашата влада се залага за промена на Уставот, без воопшто да предвиди какви ќе бидат последиците од тоа на бугарското однесување, кое ќе добие само уште основа за уште поголем замав и поголема агресивност од досега.

XS
SM
MD
LG