Линкови за пристапност

Нова ескалација на насилството на Блискиот исток


Нема извештаи за повредени од двете страни.
Нема извештаи за повредени од двете страни.

Израел во петокот започна воздушни напади врз појасот Газа како одговор на ракетниот напад од милитантите на палестинска територија.

Размената на оган доаѓа во време на зголемени тензии по смртоносниот напад на израелските сили во окупираниот Западен Брег.

Израелската војска соопшти дека извршила најмалку два напади насочени кон камп за обука на Исламскиот џихад.

Нема извештаи за повредени од двете страни.

Израел објави дека повеќето од ракетите во Газа биле пресретнати од израелскиот одбранбен систем.

Вкрстениот оган следи по израелскиот напад на бегалски камп во четвртокот во Џенин, во кој загинаа девет лица, еден од најкрвавите денови на Западниот Брег во последните години.

Засега нема преземено одговорност за ракетниот истрел од Газа, но и Хамас и Исламски џихад ветија дека ќе одговорат на израелскиот напад во четвртокот на Западниот Брег.

XS
SM
MD
LG