Линкови за пристапност

Методи Хаџи Јанев: Испраќањето тенкови ѝ дава ударна моќ на Украина, но и го зголемува ризикот за ескалација на конфликтот


Тенкови од моделот М1 Абрамс натоварени на железничка композиција во Вашингтон
Тенкови од моделот М1 Абрамс натоварени на железничка композиција во Вашингтон

Според меѓународното воено право, Русија ќе има основа да ги таргетира тие цели. Но, тоа е една работа. Друга работа е дали Русија има капацитет да се справи, вели професорот по безбедносни науки, Методи Хаџи Јанев за испраќањето моќни германски и американски тенкови во Украина

Бројката на тенкови што треба да ѝ се испорачаат на Украина, сама по себе, е ништожна во однос на бројот на тенкови со кои располага Русија. Но, во комбинација со постоечките системи испратени во Украина, тоа ќе им даде силна ударна моќ на украинските сили.

Тоа се дел од размислувањата на универзитетскиот професор по безбедносни науки Методи Хаџи Јанев, за одлуката на Германија, САД, и другите европски земји да достават моќни тенковски модели во Украина.

Хаџи Јанев, укажува дека според меѓународното воено право, силите кои ѝ даваат логистичка и воена поддршка на Украина, стануваат легитимна воена цел за Русија.

„Треба да видиме дали Русија ќе се осмели да ги таргетира пратките на тие борбени оклопни системи. Според меѓународното воено право, Русија ќе има основа да ги таргетира тие цели. Но, тоа е една работа. Друга работа е дали Русија има капацитет да се справи со тоа и да дејствува врз тие цели“, вели професорот Хаџи Јанев.

Сепак, професорот додава дека воениот конфликт може да биде непредвидлив и сепак не верува дека Русија би направила потези со кои би ги пренела воените дејства надвор од територијата на Украина.

XS
SM
MD
LG