Линкови за пристапност

Јелен: Африка има потенцијал да се справи со недостигот на храна


Секретарката за финансии на САД Џенет Јелен ја продолжи својата 10-дневна турнеја низ Африка. Таа денес ќе се сретне со претседателот Сирил Рамафоза во Јужна Африка, соопшти Одделот за финансии на САД.

Вчера, Јелен посети задруга и мала фарма во Замбија во сопственост на жени.

Патувањето на Јелен имаше за цел да го покаже потенцијалот на Африка да помогне во решавањето на проблемите во светот со недостигот на храна.

„Денес, гладот и несигурноста за храната земаат голем данок за заедниците ширум светот, вклучително и овде во Замбија. Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутна несигурност на храна се искачи на 345 милиони во 80 земји. Во Замбија, околу 2 милиони луѓе се соочуваат со акутна несигурност на храна, а речиси половина од населението не може да ги исполни своите минимални барања за внес на калории“, рече Јелен.

Таа ја обвини руската војна против Украина за влошување на несигурноста со храна ширум светот, но, исто така, укажа на посветеноста на САД, минатиот месец, од 2 милијарди долари итна помош за Африка.

Несигурноста на храната се зголемува ширум светот, поради ковид-19, руската инвазија на Украина и зголемените трошоци за храна, се вели во извештајот објавен денес од Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

XS
SM
MD
LG