Линкови за пристапност

Седум лица убиени вчера во две поврзани убиства во Калифорнија, уапсен осомничениот


Полицијата во американската сојузна држава Калифорнија соопшти дека седум лица биле убиени вчера во две поврзани пукања во земјоделски објекти.

Убиствата се случиле во заливот Халф Мун, јужно од Сан Франциско. Властите на прес-конференција соопштија дека четири лица биле пронајдени мртви, а петтото лице имало прострелни рани на едното место, додека други три лица биле пронајдени мртви на второто место на само неколку километри.

Шерифот на округот Сан Матео, Кристина Корпус, го идентификуваше осомничениот стрелец како 67-годишниот Чунли Жао и рече дека работел на една од локациите каде се случило пукањето.

Властите соопштија дека осомничениот бил уапсен откако возел до паркингот на полициската станица за да се предаде. Во возилото било пронајдено оружје.

Корпус рече дека осомничениот соработувал со истражителите, но дека мотивот се уште не е јасен.

„Сè уште се обидуваме да разбереме што точно се случило и зошто, но во секој случај тоа е неверојатно трагично“, рече државниот сенатор Џош Бекер.

Ова уследи по масовното пукање во саботата во градот Монтереј Парк, јужна Калифорнија, во кое загинаа 11 лица, а беа ранети девет други.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG