Линкови за пристапност

Пола милион луѓе умираат предвреме од храна со незаситени масти годишно, вели СЗО


СЗО објави дека 5 милијарди луѓе се изложени на овој токсичен производ, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и смрт
СЗО објави дека 5 милијарди луѓе се изложени на овој токсичен производ, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и смрт

Светската здравствена организација (СЗО) повикува на целосна елиминација на трансмастите - вештачка токсична хемикалија која вообичаено се наоѓа во пакуваната храна, печиво, масла за готвење и намази, која е одговорна за половина милион предвремени смртни случаи секоја година.

СЗО објави дека 5 милијарди луѓе се изложени на овој токсичен производ, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и смрт.

Том Фриден, претседател и главен извршен директор на иницијатива за јавно здравје, рече дека глобалната елиминација на трансмастите од храната може да спречи до 17 милиони смртни случаи од кардиоваскуларни болести до 2040 година.

Фриден, исто така, зборуваше за важноста на разликувањето на вештачките трансмасти, „која е токсична хемикалија, која нема валидна употреба во снабдувањето со храна и треба да се елиминира“, од заситените масти, кои тој ги нарече „вроден дел на многу групи на храна што никој не предлага да се забрани“.

Фриден рече: „Помислете на вештачките трансмасти како тутун во исхраната. Тоа нема вредности“.

Постигнат е напредок од 2018 година кога СЗО постави цел за глобална елиминација на трансмастите во 2023 година. Таа вели дека 43 земји сега имаат имплементирано политики за најдобра практика за справување со трансмастите во храната, со што ќе се заштитат 2,8 милијарди луѓе од срцеви заболувања и смрт .

За Фриден, сепак, тоа сè уште остава 5 милијарди луѓе во ризик од катастрофалните влијанија врз здравјето. Тој рече дека владите можат да ги запрат овие смртни случаи што може да се спречат со донесување на политиките за најдобра практика на СЗО.

Тој истакна дека неколку земји, особено Мексико, Нигерија и Шри Ланка, се многу блиску до донесување на овие политики за спасување животи. Според него, сè што им треба е едноставно притискање за да ги надминат целта.

„Победата на политиката во една земја може да помогне да се охрабрат другите земји да преземат акција“, истакна Фриден. „Се надеваме дека лидерите како Индија, Бангладеш и Филипините ќе бидат примери за целиот регион на Јужна и Југоисточна Азија и се надеваме дека Нигерија, заедно со Јужна Африка, која веќе ги забрани трансмастите, ќе биде лидер за Африка“.

Фридан рече дека искуството покажува дека индустријата може да се прилагоди и да ги замени трансмастите со здрави алтернативи. Тоа се само неколку големи компании кои продолжуваат да произведуваат токсичен производ.

Фридан додаде дека овие компании ќе се усогласат кога ќе видат дека деновите на трансмасти се одбројани.

СЗО објави дека повеќето политики за елиминација на трансмасти се имплементирани во земјите со високи приходи, главно во Америка и во Европа, и дека сè поголем број земји со среден приход го следат примерот.

Сепак, досега, ниту една земја со ниски приходи не го направила тоа.

XS
SM
MD
LG