Властите бараат мотив за напаѓачот кој уби десет луѓе во клуб за танцување во Лос Анџелес за време на прославата на кинеската нова година.
72-годишниот осомничен Ху Кан Тран, беше пронајден мртов од самонанесена прострелна рана вчера во комбе со кое избегал откако бил спречен да нападне друга сала за танцување.
Масакрот во Монтереј Парк беше петтото масовно убиство во САД овој месец. нанесувајќи ѝ уште еден удар на азиската заедницата која беше цел на насилство во последниве години.
Ова беше и најсмртоносниот напад од 24 мај, кога 21 лице беа убиени во основно училиште во Увалде, Тексас.
Извор: АП