Линкови за пристапност

Втора пресуда за „Титаник 2“ - Мијалков, Тачи и останaтите обвинети добија по две години затвор


Делото за кое се товари Мијалков застарува во април годинава доколку пресудата не стане правосилна. Обвинителството најави дека нема да се жали на пресудата за да не ја одолговлекува постапката и да не истече рокот за правосилност

СКОПЈЕ – Екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, и останатите обвинети во случајот „Титаник 2“ повторно се прогласени за виновни и овој пат се осудени на по двегодишна затворска казна. Казните се пониски од оние кои им беа изречени во првиот судски процес кој Аплеација го поништи и го врати на повторно судење.

Две години затвор добија и тогашните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими од ДПА и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО – ДПМНЕ.

Мијалков беше обвинет за примање награда за противзакониот влијание додека останатите се товареа за повреда на избоирачко право.

Според обвинителниот акт, Мијалков во 2013 година преку Мендух Тачи нарачал тој да му наложи на сопартиецот Бедредин Ибраими во ДИК да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ а на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев што и беше сторено.

Првиот судски процес за случајот „Титаник 2“ заврпи во март 2019 година со казни повисоки од изречените денес. Мијалков доби три години затвор, Тачи три години и два месеци, Ибраими доби четири и пол годишна затворска казна а останатите тројца члленови на ДИК беа осудени на по три години затвор.

Во декември 2019 година Апелација ја укина пресудата и ја врати на повторно судење кое траеше до денес.

Она што е клучно е што за делото за кое се товари Мијалков во април настанува апсолутна застаренот и доколлку пресудата не стане правосилна тој ќе избегне одговорност. За да бид еправолсилна треба да биде потврдена од повисоката судска инстанца – Аплеацискиот суд кој веќе еднаш ја укина.

Токму затоа Обвинителството најави дека нема да се жали на пресдуата за да не ја одолговлекува постапката и покрај тоа што повеќе од извесно е дека адвокатите на осудените ќе се жалат во Апелација.

Апелацискиот суд во декември ја укина и пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, масовното незаконско прислушување на над 20 илјади граѓани, каде Мијалков беше осуден на 12 години затворска казна. Апелацискиот суд, невообичаено за сите досегашни пракси, работеше на овој предмет дури 14 месеци пред да донесе одлука да го врати на повторно судење во Кривичниот суд а пресудата ја објави 6 дена откако ја донесе.

По жестоките реакции од експертите и јавноста Судскиот совет изврши вонреден надзор во предметот и беше утврдено дека судијата известител во Апелација неосновано го чувал предметот на Мијалков во фиока 9 месеци. Одговорност засега нема.

Кривичното дело за кое е обвинет Мијалков во овој предмет застарува во 2025 година и постои реална можност повторениот процес да не заврши и тој да се спаси.

XS
SM
MD
LG