Линкови за пристапност

Здравствените власти го потврдија првиот случај на подсојот „Кракен“


Пациентот е тестиран позитивен на 11 овој месец и е првиот носител на подсојот „Кракен“ на коронавирсот покажа последното секвенционирање во лабораторијата на Институтот за јавно здравје. Нема место за загриженост апелира претседателот на Комисијата за заразни болести доктор Александар Петличковски бидејќи овој подсој на „Омикрон“ верзијата на корона вирусот се одликува со лесни симптоми. Од Комисијата не очекуваат оптеретување на здравствениот систем а моменталната епидемилошка состојба ја оценуваат како стабилна и во поглед на коронавирусот и во поглед на сеознскиот грип




СКОПЈЕ – Здравствените власти потврдија дека го регистрирале првиот случај на лице заболено од подсојот „кракен“ во Северна Македонија. Станува збор за жител на Гевгелија. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопштија дека овој подсој на „Омикрон“ верзијата на коронавирусот е откриен при секвенционирање на триесетина позитивни примероци од пациенти а бил присутен кај само еден од нив.

Од ИЈЗ соопштија дека се секвенционирале примероци земени во текот на овој месец и декември минатата година и дека присутен е само сојот „Омикрон“.

„Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана ХББ.1.5 омикрон сублинијата позната како „Кракен“. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, а примерокот е земен на 11 јануари. Кај 8 примероци е детектирана БА.2 сублинијата на Омикрон сојот а кај останатите е детектирана БА.5 сублинијата на Омикрон“, стоиу во информацијата на Институтот испратена до медиумите.

За претседателот на Комисијата за заразни болести, професор доктор Александар Петличковски, нема место за загриженост иако овој подсој на „Омикрон“ е досега најлесно пренослив но е со најлесни сипмтоми бидејќи граѓаните кои ги прележале овој сој на коронавирусот или се вакцинирани веќе имаат стекнато добра имунолошка заштита. Петличковски не очекува оптеретување на здравствениот систем и голем број на хоспитализации.

проф. др. Александар петличковски (десно)
проф. др. Александар петличковски (десно)

„Предвидувањата и очекувањата се во следните нколку недели и месеци „Кракен“ верзијата да биде доминантна верзија на „Омикрон“ по примерот кој го следевме во сите останати држави. Очекуваме да нема драстични поместувања по однос на хоспитализации и тешки случаи. Нема место за загриженост бидејќи „Кракен“ од она што досега го знаеме оди со лесна клиничка слика како горнореспираторна инфекција, можби дури и полесна од грип. Нема место за паник ниту пак очекуваме нешто значајно да се комплицира по однс на притисокот на здравствениот систем “, изјави др. Петличковски.

Претседателот на комисијата е дециден дека моменталната епидемиолошка состојба во државата е стабилна а се очекува покачување на бројката за заболени од грип во следните недели но повторува дека место за паника нема и доколку епотребно Комисијата веднаш ќе интеревенира со мерки.

Официјалните податоци на здравствените власти се дека заклучно со 15 јануари на инфективните одделенија се хоспитализирани 32 пациенти, процентот на позитивни тестови се движи меѓу 3 и 9 отсто а недело се регистрираат меѓу двесте и триста нови случаи.

Од утре почнува второто полугодие на учебната година па од Комисијата за заразни болести најавуваат дека ќе ги следат бројките дневно и неделно и доколку е потребно ќе интервенираат но очекувањата се дека бројката на заболени од грип меѓу учениците ќе се намалува.

XS
SM
MD
LG