Линкови за пристапност

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн ќе се повлече од функцијата


Знам што е потребно за оваа работа и знам дека веќе немам доволно во резервоарот, рече таа
Знам што е потребно за оваа работа и знам дека веќе немам доволно во резервоарот, рече таа

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, која стана глобална икона на левицата и беше пример за нов стил на лидерство, денес изјави дека ќе ја напушти функцијата.

Со само 37 години кога стана лидер, Ардерн беше пофалена ширум светот за нејзиното справување со најлошото масовно пукање во нацијата и раните фази на пандемијата на коронавирус. Но, таа се соочи со зголемени политички притисоци дома какви што не доживеале претходните лидери на Нов Зеланд.

Сепак, нејзината објава беше за нацијата од 5 милиони луѓе.

Борејќи се со солзите, Ардерн им рече на новинарите дека 7 февруари ќе биде нејзиниот последен ден како премиер по пет и пол години на функцијата.

„Знам што е потребно за оваа работа и знам дека веќе немам доволно во резервоарот за да се правдам. Толку е едноставно“, рече таа.

Пратениците во нејзината Лабуристичка партија ќе гласаат за нов лидер в недела.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG