Линкови за пристапност

Најмалку 20 мртви, однесени патишта и прекини на струја по поплавите во Калифорнија


Пресметувањето на штетите ќе потрае, велат надлежните
Пресметувањето на штетите ќе потрае, велат надлежните

Клучните патишта останаа затворени, а властите проценија дека илјадници домови се сериозно оштетени во Калифорнија, поради неколкунеделните лоши временски услови кои ги поплавија патиштата, урнаа ридови и соборија безброј дрвја. Времето почна полека да се смирува.

Пресметувањето на штетите ќе потрае, но бројот на куќи и други објекти кои ќе бидат означени со црвена боја како непогодни за живеење би можел да биде илјадници, рече Брајан Фергусон, портпарол на Канцеларијата за вонредни служби на гувернерот.

Штетата е распространета низ 41 од 58 окрузи во Калифорнија, рече Фергусон.

Во неинкорпорираниот округ Санта Барбара, по повеќе од 60 инспекции на имоти кои претрпеа оштетувања од лизгање на кал и соборени дрвја, четири домови беа означени со црвена ознака, а 32 беа означени жолти оти имаат потреба од обемни поправки, рече Келси Бутита, менаџер за комуникации во округот.

„Исто така, гледаме многу штета кога станува збор за патиштата“, рече таа, проценувајќи дека повеќе од десетина се целосно затворени. „Некои патишта се целосно однесени“.

Нема проценет датум за повторно отворање на Државната рута 154, клучна артерија север-југ во округот што е преплавен со кал и камења, рече Бутита.

Девет атмосферски реки од крајот на декември предизвикаа прекини на електричната енергија, поплави, прекини на насипите, истекување и лизгање на земјиштето речиси низ целата сојузна држава. Загинаа најмалку 20 луѓе.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG