Линкови за пристапност

Американската секретарка за финансии во посета на Сенегал, Замбија и Јужна Африка


Секретарката за финансии на САД Џенет Јелен оваа недела оди во Сенегал, Замбија и Јужна Африка за да разговара за трговската експанзија, инвестициите и посветеноста на САД кон африканските економии.

Ова доаѓа по ветувањето од претседателот Џо Бајден на Самитот на лидерите на САД и Африка минатиот месец дека тој и членовите на неговиот кабинет ќе ја посетат Африка во 2023 година.

„Мислам дека ова е прв во многу чекори за ангажирање на Африканците на континентот“, рече Камерон Хадсон, виш соработник во Африканската програма на Центарот за стратешки и меѓународни студии. Но, тој изјави за Гласот на Америка: „Американските официјални лица се обидуваат да испратат порака со ова и тоа не само за Африканците, туку и за Кинезите и Русите кои се натпреваруваат со САД на овие пазари.“.

Високи претставници на американскиот оддел за финансии тврдат дека целта на патувањето е да се разменат идеи со африканските владини претставници, лидерите на приватниот сектор, претприемачите и младите и да се продлабочат економските врски меѓу САД и Африка, исцртувајќи нови можности за трговија и инвестиции.

XS
SM
MD
LG