ЛУЕЦЕРАТ, Германија, 17 јануари (Ројтерс) - Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените активисти за климатски промени за време на протестите во селото Луцерат.
Тунберг беше приведена додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер, на околу 9 километри од Луцерат.
Тунберг, којa им се придружи на демонстрантите во петокот, беше видена како седи сама во голем полициски автобус откако беше приведена, изјави сведок за Ројтерс.
„Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон полицата. Таа беше запрена и изнесена од оваа група надвор од непосредната област за да се утврди нивниот идентитет“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен за Ројтерс, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.
Сè уште не е јасно што ќе се случи со Тунберг или со групата со која беше приведена, ниту дали активистот што скокнал во рудникот е повреден, рече портпаролот.
Тунберг била однесена од тројца полицајци и држена за едната рака.