Човек кој тврди дека е поранешен командант на руската приватна воена групација Вагнер, кој се борел во Украина, бара азил во Норвешка откако побегна минатата недела.
Властите во Норвешка соопштија дека граничарите уапсиле маж во близина на руско-норвешката граница рано во петокот.
Адвокатот на Андреј Медведев изјави за новинските агенции дека Медведев е во Норвешка и бара азил.
„Тој изјави дека е подготвен да зборува за своите искуства во групата Вагнер со луѓе кои истражуваат воени злосторства“, рече адвокатот Бринјулф Риснес.
Украинските власти денес соопштија дека бројот на загинати од ракетниот напад во саботата врз станбена зграда во Днeпар се искачи на 41 откако екипажот пронашол тело на дете во урнатините.
Регионалниот гувернер Валентин Резниченко изјави дека 25 лица се уште се водат како исчезнати, а 90 отсто од урнатините се расчистени. Тој додаде дека во нападот се ранети 79 лица, од кои 28 се хоспитализирани.
Некои информации за овој извештај се од агенцијата Франс прес, Ројтерс и Асошиетед прес.