Линкови за пристапност

Ковачевски: Џамбаски е маргиналец кој бара популарност


Вербалната нота од МНР до бугарските колеги ќе биде единствениот чекор кој државата го првзеде во врска со последниот испад на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и скандалозните изјави кои ги даде завчера во Скопје. Прогласување на „персона нон грата“ и забрана за влез ќе има контраефект смета премиерот Ковачевски


СКОПЈЕ – Државата нема да превземе дополнителни чекори по последниот испад на бугарскиот европратеник Агнел Џамбаски и скандалозните изјави дадени викендов во Скопје како и на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов минатиот месец. Реакцијата на македонските власти ќе се сведе на барањето на МНР испратено до бугарските колеги за официјално оградување на Софија од ставовите и изјавите на овие бугарски политичари.

Според премиерот Димитар Ковачевски станува политички маргиналци кои бараат внимание преку провокации и затоа нема да има дополнителни мерки или коментари по ова прашање и со тоа да им ја исполни нивната желба.

„Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој потврди дека изјавите на бугарските политичари предизвикаа реакции кај граѓаните.

„Иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и одржување на позитивен дух во билатералните односи“, дополни Ковачевски.

Во саботата, околу 200 лица од Бугарија со знамиња и плакати со ликот на Цар Борис трети ја одбележаа 95-годишнината од смртта на Мара Бунева во центарот на Скопје. Пред спомен плочата на Бунева на кејот на Вардар се поклонија членови на бугарската Фондација „Македонија“, меѓу нив беше и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, познат по својата анти-македонска реторика кој во својот говор порача дека нема да дозволи „денационализација на Бугарите во Македонија“.

„Се собравме тука да ѝ оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува. Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македонија. Вечна слава на Мара Бунева и вечна слава на сите бугарски херои кои се бореа за ослободување на татковината и нејзино обединување“, рече Џамбаски.

Министерството за надворешни (МНР) вчера испрати допис до официјална Софија вокоја побара да се огради од изјавите и ставовите на како што ги нарече „ политички маргиналци“

„ Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави“, соти во дписот на МНР.

Џамбаски како и Костадинов во повеќе наврати со провоактивни изјави дадени во Скопје, Софија, различни настани во Бугарија и европскиот парламент предизвикаа жестоки реакции и огорченост во домашната јавност.

XS
SM
MD
LG